Шефицата ја јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција Вилма Рускоска најави дека ќе спроведе финансиска истрага за апелациските судии кои ја пуштиле обвинетата Катица Јанева во куќен притвор.

Решението за Јанева не сме го добиле. Но, ние дадовме негативно мислење. За советот што ја донесе одлуката за куќен притвор, ќе отвориме финансиска истрага. Со вакви судии нема место во ЕУ, вели Рускоска за „А1он“, разочарана од одлуката на второстепениот суд.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.