Повеќе од четири години по случувањата од „27 април“ обвинителката Вилма Русковска реши да направи измени во обвинението бидејќи досегашните докази не ја докажаа вината за која се теретат обвинетите.

Па така, популарната Вилма со „Нинџа“ финти кои ги користеше нејзниот омилен сведок Александар Василевски понуди  различни верзии за случувањата за „27 април“ и за улогата на обвинетите Трајко Вељаноски, Миле Јанакиески и Спиро Ристовски.

Сега Рускоска тврди само дека Ристовски и Јанакиески „ги организирале протестите“ и и имале за цел по секоја цена да го спречат изборот на Талат Џафери за претседател на Собранието.

Во старата верзија на обвинението Рускоска тврди дека „по телефон претседателите на општинските комитети испраќале пораки до месните комитети“, а во новата  дека „во општинските комитети се договарала маршрутата на протестите секој ден“.

За Вељаноски пак измената дека требало да ги спои во едно комисијата за избори и именувања и изборот на спикер иако тоа е спротивно на Деловникот.

Русовска претходно тврдеше дека на осмиот кат во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ  Ристовски и Јанакиески го мобилизирале членството од Скопје и други градови да тргнат кон Скопје а пак сега тврди тврди дека Јанакиески му давал насоки на Крсто Мукоски „да застане пред тој што чита, за да се оневозможи изборот на Џафери“.

Затоа одбраната на обвинетите со право бараше и доби одложување на завршните зборови за да може добро да се подготви на овие нови контрукции од страна на Русковска.

 

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.