Одбраната и обвинетите во случајот „27 април“ денеска открија нов детал кои можеби ќе има големо влијание при изрекувањето на пресудата.

Трајко Вељановски проговори за пораката што му ја пратила шефот на неговиот кабинет Сања Угриновска Спасеновска дента на 27 април 2017 година во која таа го информира за најавите на Заев дека ќе се бира претседател на Собранието.Потоа истата порака Вељановски ја препраќа на Никола Груевски.

Но, обвинителката Вилма Русковска при доставувањето на оваа порака до судот како дел од доказите ја брише односно го сече вториот дел од пораката на Угриновска до Вељановски во која таа го информира дека за состанокот на СДСМ и за обидот следниот ден да изберат претседател на Собранието.

(фото: МИА)

Пораката која ми е пратена од вработената Сања Угриновска Спасеновска, која јас само ја препратив до Никола Груевски од страна на Обвинителството е наведена во обвинителниот акт само дел од таа порака е нецелата содржина на пораката-објасни денеска Вељаноски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.