Oбвинение за случајот „Рекет 2“ може да се очекува на почетокот на јануари, најави денеска обвинителката Вилма Русковска, пред да се вклучи во aкцијата за чистење.

Се надевам на почетокот на јануари“, одговори Русковска на прашањето кога може да се очекува обвинение за случајот со работата на невладината организација Меѓународен сојуз.

 

Во истрагата на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, осомничени се Меѓународниот сојуз, како правно лице, и пет физички лица: претседателот на невладината Бојан Јовановски – Боки 13, неговиот татко Миле Јовановски, асистенката Христина Блажевска, заменик-претседателката на Сојузот Јасна Мандиќ и пратеничката и потпретседателка на Собранието, Фросина Ременски. Русковска рече дека истрагата за Меѓународниот сојуз привршува, а вчера и во четвртокот одбраната правела увид во доказите.

 

„Од понеделник ќе почнат со давање искази“, кажа обвинителката.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.