Со секој изминат ден довербата во истрагата за случајот „Рекет“ и довербата во Вилма Рускоска се сè помали. Истрагата е целосно компромитирана. После денешната изјава на Вилма Рускоска јасно е дека таа нема намера да ги изведе пред лицето на правдата главните актери во случајот „Рекет“, сите ги знаат кои се. После денешната изјава е јасно дека Вилма Рускоска застана во одбрана и на Зоран Заев, и на Кики, и Фрики, и на Шеки и на сите функционери на СДСМ инволвирани во политичко – медиумско – обвинителскиот рекет, истакна на денешната прес-конференција Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Како што додаде тој, да ја убедуваш јавноста дека нема инволвирани политичари и дека Боки 13 ја немал поддршката од власта при рекетирањето е дрскост и потценување на интелигенцијата на граѓаните.

Едно е јасно. Обрачот се стега околу главата на криминалниот октопод и кога тогаш ќе мора да падне. Јавноста веќе нема верба во ова обвинителство на Рускоска и Јовевски. Диктатот на Заев под кој работат намерно ја развлекува истрагата за да се спасат сите инволвирани политичари вклучително и он. Почитувани, Џабе им е, готови се, паѓаат.

Поткопаната доверба во Заев – Рускоска – Јовевски обвинителството на граѓаните и сомнежот кој го имаат граѓаните се тотално и целосно опарвдано. Развлекувањето на истрагата повеќе од 4 месеци значи само едно, а тоа е забошотување на целиот случај во корист на СДСМ и рекетарите, додаде Арсовски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.