По сведочењето на вештакот Мирослав Котевски стана повеќе од јасно дека Александар Василевски Нинџа не бил во штабот на ВМРО-ДПМНЕ на 27 април 2017 година.  Ова вештакот го докажа по анализата на базните станици, односно движењето на Александар Василевски Нинџа анализирано преку неговите два мобилни телефони.

Со ова опасно се разнишани темелите и на пресудата за сторителите и за т.н организатори на собраниските настани. Да потсетиме, лажното сведочење на Нинџа беше клучно 16 луѓе да бидат осудени на 211 години затвор.

Колку може да му се верува на Нинџа говори и тоа што тој досега има кажано четири различни верзии за случувањата на „27 април“.

Седиште на ВМРО-ДПМНЕ

Обвинителката Рускоска по последното рочиште визјави дека Нинџа не бил забележан на базната станица кај штабот на ВМРО-ДПМНЕ, како што соопшти вештакот, бидејќи „ги исклучил двата телефони, едниот кај 16 часот, а вториот кај 18 часот“, и дека повторно го уклучил околу 22 часот, но Котевски докажа дека обвинителката не ја говори вистината.

Но,  што велат фактите односно анализата на листинзи-докази кои Рускоска ги користеше уште во претходниот предмет за 27-ми април,

Еве ги податоците кои покажуваат дека Александар Василевски Нинџа не само што не ги исклучил телефоните во 16, односно 18 часот, туку има бројни записи за негови активности на истите телефони, кои активности се регистрирани на различни базни станици во Скопје. Сите податоци подолу се преземени од доказите со кои работи судот, односно и Рускоска и одбраната. Извештајот за телефоните на Нинџа се користеше и во претходниот случај за 27-ми април кој го судеше Добрила Кацарска.

Според обвинителството, Нинџа користел два телефони кои за потребите на оваа анализа ќе ги наречеме Нинџа 1 (076 44**06) и Нинџа 2 (075 28**51).

Датум: 27 април 2017

Податоците се во следниот формат: час/ минути/ секунди/ активност/ базна станица на која се наоѓа телефонот на Нинџа

ПЕРИОД 16:00 – 17:00

16:05:48 Нинџа 1 прима повик, базна станица ССМ (Сојуз на Синдикати на Македонија)
16:13:20 Нинџа 1 користи интернет, базна станица НОВА ЦЕНТРАЛА НА Т-МОБИЛЕ (кеј на Вардар)
16:25:26 Нинџа 2 врти на 078 2****5, базна станица ТЕЛЕКОМ ЦЕНТАР (стара пошта)
16:32:07 Нинџа 1 пишува СМС на 071 3****6, базна станица Телеком Центар
16:35:13 Нинџа 1 користи интернет сообраќај, базна станица Нова централа на Т-Мобиле
16:48:35 Нинџа 1 врти на 070 2****1, базна станица Телеком Центар
16:48:49 Нинџа 1 врти на 078 8****8, базна станица Телеком Центар
16:49:21 Нинџа 1 врти на 070 2****1, базна станица Нова централа на Т-Мобиле
16:51:05 Нинџа 1 врти на 070 3****9, базна станица Нова централа на Т-Мобиле
16:53:12 Нинџа 2 прима повик од 070 4****6, базна станица Нова централа на Т-Мобиле
16:54:39 Нинџа 2 прима СМС од 070 4****6, базна станица Нова централа на Т-Мобиле

ПЕРИОД 17:00 – 18:00

17:02:02 Нинџа 1 прима СМС од 071 3****6
17:02:03 Нинџа 1 прима СМС од 071 3****6
17:02:13 Нинџа 1 прима СМС од 071 3****6
17:05:11 Нинџа 1 прима СМС
17:06:03 Нинџа 1 врти на 070 3****1, базна станица Нова централа на Т-Мобиле
17:06:09 Нинџа 1 користи интернет сообраќај, базна станица Нова централа на Т-Мобиле
17:06:13 Нинџа 1 користи интернет сообраќај, базна станица Нова централа на Т-Мобиле
17:06:17 Нинџа 1 користи интернет сообраќај, базна станица Нова централа на Т-Мобиле
17:06:17 Нинџа 1 користи интернет сообраќај, базна станица Телеком Центар (значи е во движење од кеј на Вардар кон објектот
на старата пошта)
17:12:40 Нинџа 1 врти на 070 2****1, базна станица АЛМАКО (наспроти ТЦ Палома Бјанка во правец кон старата пошта)
17:12:52 Нинџа 1 врти на 070 2****1, базна станица Алмако
17:14:31 Нинџа 1 прима СМС, базна станица Нова централа на Т-Мобиле
17:43:36 Нинџа 2 прима повик од 070 4****6, базна станица Нова централа на Т-Мобиле

ПЕРИОД 18:00 – 19:00

18:04:31 Нинџа 1 прима СМС
18:04:32 Нинџа 1 прима СМС
18:24:27 Нинџа 1 прима СМС
18:24:28 Нинџа 1 прима СМС
18:57:08 Нинџа 1 врти на 070 3****1, базна станица ДОМ НА АРМ (позади Собранието на Република Македонија)
18:58:29 Нинџа 1 прима повик од 071 2****0, базна станица ЕСМ (централа на Електростопанство Македонија, кај Триумфална капија)
18:59:24 Нинџа 1 прима повик од 071 2****0, базна станица ССМ (Сојуз на Синдикати на Македонија, наспроти Жена-парк и ГТЦ, позади Градска болница)

ПЕРИОД 19:00 – 20:00

19:01:29 Нинџа 1 прима повик од 075 3****5, базна станица ССМ
19:13:40 Нинџа 2 не одговара на повик
19:17:02 Нинџа 1 прима повик од 077 7****9, базна станица ЕСМ
19:50:33 Нинџа 1 прима повик од 076 6****9, базна станица Дом на АРМ
19:50:56 Нинџа 1 прима повик од 076 6****9, базна станица Дом на АРМ
19:52:40 Нинџа 2 прима СМС, базна станица Дом на АРМ
19:52:45 Нинџа 2 прима СМС, базна станица ССМ

ПЕРИОД ОД 20 ДО 22 ЧАСОТ

20:07:01 Нинџа 1 прима повик од 072 3****3, базна станица ЕСМ
20:12:43 Нинџа 2 не одговара на повик
20:12:45 Нинџа 2 добива СМС, базна станица ЕСМ
20:12:50 Нинџа 2 добива СМС
20:14:00 Нинџа 1 прима повик од 072 3****3
20:16:55 Нинџа 2 прима повик од 076 4****7, базна станица ССМ
20:20:35 Нинџа 1, базна станица ЕСМ
20:36:27 Нинџа 1, базна станица ЕСМ
20:42:59 Нинџа 2 прима повик, базна станица ЕСМ
20:48:16 Нинџа 2 се движи од базна станица ССМ кон базна станица ЕСМ

Како што лесно може да се забележи, и двата броја кои ги користи Нинџа се активни во периодот по 16 часот, а Нинџа не ги исклучува телефоните ни по 18 часот како што рече Рускоска, туку ги користи и истите се забележани од базните станици.

И најголемите поддржувачи и обожаватели на Рускоска од овие податоци би заклучиле дека обвинителката вчера кога камерите застанаа пред неа, се обрати на македонската јавност и – ја излажа. Не е точно дека Нинџа исклучувал телефони, еден по 16, еден по 18 часот. Двата броеви имаат активност во целиот период.

Одбраната на рочиштето одржано на 22.12.2020 имаше за цел да докаже преку докази дека Нинџа лаже и дека не бил во штабот на ВМРО-ДОМНЕ пред немилите настани.

Ако Рускоска преку оваа лага за исклучените мобилни сакаше да го побие обидот на одбраната и да ги одбрани ставовите на Нинџа од нејзе познати причини, се што успеа да направи е да се покаже како обвинителка која не ја говори вистината.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.