Вилма Русковска дозволи власта да ја манипулира, изјави Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО ДПМНЕ вечерва на гостувањето на емисијата „360 степени“ на телевизијата „Алсат“.

Кога велиме обвинителство Русковска, мислиме на сегашниот начин на функционирање на обвинителството. Голем број правни експерти се вознемирија од мојата прес-конференција, кои се тие материјали и како сум ги добил, а истите тие правни експерти, во големата афера „Големото уво“ кога тогашниот прв човек на СДСМ Бранко Црвенковски кажуваше како некој материјалите му ги оставил пред врата. Не сум слушнал дека тогаш тоа некој го критикуваше или да се повика на законите, рече Мицкоски.

Тој појасни дека материјалите се доставени од „свиркачи“.

Дали тие се однесуваат на материјали кои се добиени како исказ во предистрага или истрага или материјали кои се добиени од нелегално поседувани материјали пред законите е исто. Начинот на кој се доставени тие материјали се од свиркачи. Затоа реков, ‘тука сум, апсете ме, судете ме’. Не очекувам ништо поразлично да се случи во времето на Заевизмот. Додека има минимум објективност за тоа како се води истрагата ќе молчиме, но во првиот момент кога ќе видам дека јавниот интерес е загрозен, но кога ќе видиме дека некој се обидува да штити политички моќници, тогаш материјалите ќе мора да ги дадеме на увид на јавноста, рече Мицкоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.