Шефицата на Основното јавно Обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, Вилма Русковска, вчера (3.7.) до Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ преку полномошник доставила опомена пред тужба за клевета, објави „Дојче веле“.

Повод за ваквиот потег на обвинителката, бил дел од содржината на изборниот спот на опозициската коалиција, насловен како „Криминална приказна“.

Станува збор за спотот каде е прикажано како мајка чита приказна пред спиење на своето дете и во еден дел го споменува името на Вилма Русковска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.