Обвинителката Вилма Рускоска коментирајќи ја снимката со црногорскиот бизнисмен Миодраг Давидовиќ Дака рече дека полицијата треба да одлучи дали и како ќе постапува по снимките.

Полицијата треба процени дали има елементи за сторени кривични дела. Ако им треба била било каква асистенција или наредба им стоиме на располагање, изјави Рускоска на прашање на „Република“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.