Шефицата на Обвинителството за организиран криминал и корупција Вилма Рускоска смета дека парите од Луј Витон чантата завршиле во 1ТВ и новинарите кои работеа таму. За време синоќешното гостување на Алфа ТВ запрашана каде завршила торбата со милионот земен од Орце Камчев, обвинителката која го води случајот „Рекет“ одговори со прашање: „Вас ве интересира за торбата или парите?“. Откако новинарот одговори „Парите“, таа почна со анализа на трошоците, зборуваше за најдени фискални сметки, но и за автомобили купени од Јовановски.

148 илјади евра потрошени во продавници во Италија со мајка му. За тоа најдовме фискални сметки. Телевизија е скапа играчка. Јас знам дека тоа чини од 60 до 80 илјади евра месечно. Поготово, знаете кој калибар на новинари… Па сигурно, тие не седеле во таа телевизија зошто многу го сакаат и почитуваат Бојан Јовановски. Потоа еден џип, втор џип, трет џип. Добро, на лизинг ама и тој треба да се плаќа, рече Рускоска, која синоќа гостуваше во емисијата „Што не е јасно“ на ТВ Алфа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.