Пред неполни четири месеци или точно само еден месец пред да биде отворена истрагата „Рекет“ претставници на извршанта и судската власт го делеа црвениот рекетатски килим со Боки 13.

Државниот врв претставен преку министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, министерката за правда Рената Дескоска, тогашниот замени-претседател на СДСМ и пратеник Фросина Ременски и нејзиниот сопруг Јовче Ременски, висок функционер во МВР, министерот Зоран Шапуриќ, министерот за здравство Венко Филипче, генсекот Драги Рашковски, поита да му се поклони на успехот на Бојан Јовановски со скапата играчка – телевизијата, која за жал, згасна како медиум поради примарната дејност на газдата – рекетот.

Премиерот Заев се јави преку видеопорака, во која му порача на сопственикот успех.

Од друга страна, судската власт која денеска го гони Бојан Јовановски ја претставува претседателот на Кривичниот суд Иван Џолев, шефицата на Обвинителството за организиран криминал и корупција Вилма Рускоска, неколку членови на СЈО, меѓу кои Катица Јанева, Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски.

Оние од кои денеска треба да се очекува да бидат објективни во сузбивањето на високиот криминал, пред само три месеци му ја бакнуваа раката пружена озгора на рекетарот Бојан Јовановски.

Овие фотографии и видеоинсертот навистина „влеваат надеж во правната држава“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.