Шефицата на Обвинителството за организиран криминал и корупција Вилма Рускоска за „Канал 5“ потврди дека е извештачен и вториот мобилен телефон на Катица Јанева.

Рускоска за „Канал 5“ вели дека во него нема ништо, односно дека е форматиран со сменет I Cloud. Инаку за овој телефон, синот на обвинителката Јанева тврдеше дека е изгубен во Белград, но потоа тој беше пронајден во Македонија, кај неговата девојка.

Обвинителството засега не соопштува детали од вештачењето на првиот мобилен апарат на Јанева.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.