Обвинителката Вилма Рускоска рече дека имаат цврсти докази за делата за кои се тератат обвинетите во случајот „Меѓународен сојуз“. Според неа, се е документирано, па и тоа дека парите на бизнисмените завршиле во домот на родителите на Боки.

Имаме доста материјални докази кои главно произлегоа од вештачењето од телефонот на сега обвинетиот Бојан Јовановски. Што се однесува до парите кои се подигнати од страна на Лилјана Тодоровска и земени веднаш од обвинетата Кристина Блажевска, имаме точно локациски од вештачењето на телефонот дека завршуваат во куќата на неговите родители, имаме и слика имаме и локација, изјави обвинителката Вилма Рускоска денеска пред Основниот кривичен суд во Скопје-објасни обвинителката.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.