Службениот компјутер на специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, е одземен, потврди обвинителката Вилма Рускоска. Таа на прес-конференција соопшти дека од просториите на Специјалното јавно обвинителство попладнево е одземен службениот компјутер Јанева.

Рускоска нагласи дека во моментов се прави и претрес во нејзиниот семеен дом во Гевгелија. На новинарското прашање дали има истрага и за синот на Јанева, Лазар Јанев, обвинителката посочи дека за него сé уште нема основано сомнение за истрагата.

Иако во медимуте излезе информација за приведување и на политичари, Рускоска нагласи дека засега нема наредби за претрес кај политичари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.