Истражен судија им одреди 30 дневен притвор на Боки 13 и Зоки Кичеец, кои денеска даваа исказ во Кривичниот суд

– По прозинесување на спроведените лица и ценење на фактите и доказите приложени во предлогот на обвинителството, судија на претходна постапка го прифати предлогот на обвинителството и донесе решенија со кои на двете лица им определи мерка притвор во траење од 30 дена со оглед да смета дека се исполнети условите од член 165 ст.1 точки 1,2 и 3 од ЗКП Против овие решенија странките имаат право на жалба до Кривичниот совет, се наведува во соопштението кое Кривичниот суд го испрати по завршениот распит на двајцата осомничени.

Според обвинителката Вилма Русковска постоеле индиции дека Боки 13 се обидел да избега. Тоа била и причината што денеска тој бил задржан на граничниот премин Богородица.Рускоска потенцираше дека сведокот поднел кривична пријава.

„Сведокот поднесе кривична пријава кај нас и е сослушан. Потоа беше повикан уште еднаш, за да ја дополни кривичната пријава. И други лица се сослушани во својство на сведоци“, рече Рускоска.

Таа нагласи дека обвинителството како доказен материјал нема обележани пари кои, оштетениот бизнисмен им ги дал на Боки 13 и второосомничениот, Зоран Милевски Кичеец, но има видео и аудио снимки.

„Обележани пари немаме, но имаме обезбедено снимки од разговори, но и видео снимки. Вршени се претреси кај првоосмничениот дома и кај неговите родители, кај второосомничениот дома и од јавниот обвинител е одземен телефон. Извршен е претрес и во канцеларија која ја користел првоосомничениот“, објасни Рускоска.

Притоа таа не го наведе името на овинителот од кој е одземен мобилен телефон, но медиумите информираа дека е на Катица Јанева, кој и бил одземен заради прибирање повеќе информации за истрагата. Тој ќе послужел како доказ за комуникација меѓу неа и Бики 13.

„Засега, обвинителките нема зошто да бидат изведени пред судија. Постапката е отворена за да се види кој се е инволвиран во целиот настан“, рече Рускоска.

Според неа, во наредниве денови може да се очекува проширување на истрагата.

„Пред судија на претходна постапка, осомничените се поризнесоа за мерката притвор, дали има основа за истата или нема. Одбраната ќе ја дадат во Јавното обвинителство кога ќе бидат повикани“.

Таа додаде дека доколку се докаже дека осомничените имаат имот, за кој нема да можат да докажат како го стекнале, тој ќе биде одземен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.