Не верувам дека во торбата „Луј Витон“ од Орце Камчев имало „џи-пи-ес“ уред, вели обвинителката Вилма Рускоска задолжена за случајот „Рекет“ откако вчера нови снимки, на кои наводно се слуша гласот на сведокот беа пуштени во јавноста.

Не верувам дека имало „џи-пи-ес“. Сведокот досега не споменал такво нешто, ниту во записникот за примање на кривичната пријава, ниту во исказот даден во текот на истражната постапка, ниту пак во сведочењето на главната расправа, вели Рускоска за „Дојче веле“.

Зборувајќи за една од аудиоснимките, на кои се зборува и за тоа како видеата за „Рекет“ завршиле во онлајн изданието на италијанскиот весник „Ла верита“, Рускоска повторно го потврди ставот дека не протекле од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал.

Не верувам дека некоја обвинителка ги земала снимките и ги дала на Мицкоски. Сигурна сум дека не излегле од кај нас, пред се, поради внатрешните процедури и начинот на кој беа чувани. И фактот дека беа во заклучена просторија ја елиминира таквата можност, вели обвинителката.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.