Обвинетиот Бојан Јовановски ја праша Ана Камчева дали со нејзиниот сопруг му давале подароци. На тоа се спротистви Обвинителката Рускоска со барање до судијката да не  дозволи вакво прашање.

Зарем милион и пол евра се мал подарок, па треба да се зборува и за дополнителни подароци? Дали добивал подароци? Јасно е, добил еден и пол милион евра, рече Рускоска.

Бојан Јовановски не ѝ остана должен на обвинителката, па ѝ возврати „Тие милион и пол евра се измислени во вашата глава“.

По серијата опомени од судијката Васка Николовска Масевска да го почитува редот во судницата со укажување дека ќе биде казнет, Бојан Јовановски се извини ако отстапувал од законското однесување во судница и образложи дека е под дејство на седативи и дека „тие си го прават своето“.

Реагираше и на тоа дека му се одбиени прашања што за него и за постапката се многу битни, а за судот се ирелевантни.

Аманте луѓе, ништо не ми дозволувате, дај барем осудете ме, да си одиме сите од тука и да не ги малтретираме луѓево, ѝ рече тој на судијката вртејќи се кон медиумските екипи што седат зад него.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.