Право на обвинетиот Игор Дурловски е да не бара амнестија. Многу смело е што се коцкаше со својата судбина, но криминално е што се коцка со судбината на народот, рече во завршниот збор на судењето за 27 април обвинителката за гонење на организиран криминал и корупција, Вилма Рускоска.

Игор Дурловски беше единствениот кој не побара амнестија за настаните од 27 парил, а обвинителката Рускоска ги спомена и другите организатори на протестите за „За заедничка Македонија“ кои се најдоа во обвинението за насилствата. За Дурловски и за останатите двајца обвинети, Борис Дамовски и Богдан Илиевски-Бетмен, Рускоска рече дека доказите покажале дека протестите на „За заедничка Македонија“ не биле организирани од патриотски, туку од материјални причини.

Кирил Божиновски ги исплаќал организаторите на протестите и тие тоа не го правеле од патриотски причини, туку од материјални, рече Рускоска во завршен збор пред судот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.