Во писмото кое Катица Јанева го испратила до Специјалното јавно обвинителство, а кое повторно е напишано рачно, според извори на Фактор, поранешната обвинителка освен што ги бара парите до резервниот фонд за да си ги плати тековните трошења поврзани со рочиштата, побарала и да и се дадат сите нејзини лични работи од канцеларијата.

Обвинители за Фактор потврдуваат дека во канцеларијата таа има слики, плакати, саксии за цвеќе, но имало и пијалоци и десерти. Сепак останува нејасно како овие работи ќе се трансферираат кога, според информациите канцеларијата на Јанева е затворена. Од друга страна СЈО формално не постои, иако дел од обвинитите имаат задача да одат таму и да ги чуваат предметите. Според информациите оттаму, ако Вилма Рускоска, обвинителката која го води случајот „Рекет“ во кој Јанева е осомничена одлучи да и ги даде работите на поранешната обвинителка, тоа ќе се направи по нејзин налог и под надзор.

Инаку резервниот фонд постоел, а дел од обвинителите за Фактор велат дека секој месец давале по 3.000 денари и тие пари ги кристеле за свадби, погреби, за хуманитарни цели и по потреба на некој обвинител. Сепак за сите тие потреби се пишувал налог и стоела намената на потрешените пари, додека најблиските соработници на Јанева и таа самата земале од парите без да кажат за што им се потрошени. Сега никој од СЈО не знае колку пари се останати, дали воопшто има пари. Сведочат дека со собирале секој месец, а заеднички настани имало само малку.

Писмото е потпишано од Јанева, а на него стои Катица Јанева, „специјална јавна обвинителка во оставка“ иако таа веќе е разрешена.

Притворената Јанева утре треба да сведочи за случајот „Рекет“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.