Не знам што ви изјавила колешката, но знам како што сум ја повикала – како лице од кое се собираат потребни известувања, изјави вечерва пред новинарите обвинителката Вилма Рускоска по распитот на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева во Кривичниот суд.

Обвинителката рече дека ѝ дала шанса на колешката да даде свое видување, па затоа вчера ја повикала во Обвинителството. На новинарско прашање што значи тоа „свое видување“, Рускоска одговори:

Предметот е многу експониран во јавноста, многу работи излегоа во јавноста и едноставно прво сакав да ја слушнам што има да каже. Не ја сослушав како сведок, туку како лице од кое се собираат потребни известувања. Не знам што кажала, јас ви кажувам во кое својство ја испитував.

На заминување од Кривичниот суд Рускоска не знаеше дали Јанева е веќе однесена во истражниот затвор „Шуто Оризари“ или се уште е во судот.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.