Власта се откажува од формирање јавно обвинителство за гонење висока корупција, а Специјалното јавно обвинителство заминува во историјата, стои во новата нацрт-верзија на Законот за јавнообвинителска служба изготвен од Министерството за правда, дознава ТВ 24. Со оваа нацрт-верзија се предвидува надлежностите на СЈО да преминат во рацете на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција на чело со Вилма Рускоска.

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција ги презема надлежностите од Специјалното јавното обвинителство а согласно Законот за СЈО. Јавните обвинители во СЈО кои постапувале по предметите од надлежност на ова јавно обвинителство, продолжуваат да постапуваат по тие предмети кои се предадени на Јавното обвинителство на Република Северна Македонија.

Вака предложеното законско решение значи дека со ова продолжуваат сите предистраги и истраги што ги започна СЈО. Бомбите, пак, ќе се чуваат во Јавното обвинителство и ќе бидат уништени три години по правосилното завршување на сите отпочнати постапки.


Извор: ТВ24

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.