Откако рускиот претседател Владимир Путин вчера ѝ нареди на владата за два дена да состави список на земји кои ја санкционираа Русија, нејзините компании, организации и поединци, Амбасадата на Русија во Македонија објави дека внимателно ги евидентира случаите на русофобија во голем број странски земји.

„Привлекуваме внимание на невиденото ниво на русофобија забележано во голем број странски земји во позадина на специјалната воена операција во Украина.

Предупредуваме дека сите вакви инциденти се внимателно евидентирани“, објави Амбасадата на Твитер.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.