Амбасадата не ги коментира изјавите на поединечни лица, без оглед на тоа колку се фантастични. Во исто време, земајќи ја предвид посебната важност на ова прашање за граѓаните на Македонија, овој пат ќе направиме единствен исклучок – немаше и нема да има никакви посредници во набавката на вакцини за РСМ: Сите преговори се водеа директно помеѓу Рускиот фонд за директни инвестиции и Министерството за здравство, и токму на овој начин беа постигнати конечни договори“, велат од руската амбасада во Македонија за Сител.

Ова доаѓа откако Никола Лакушиќ, Србин кој живее во Швајцарија за Ал Џезира изјави дека бил посредник за руската вакцина со 3 балкански земји. Тој вели дека набавил пола милион дози Спутник за Босна и Херцеговина, а посредувал и за набавката со Бугарија, Алжир и Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.