Александар Русјаков на гостувањето на словенечката РТВ, во емисијата „Obzorja duha“ посветена на посетата на папата Франциск на Бугарија и Македонија, реагираше на новинарскиот прилог во кој нашата држава беше претставена како Северна Македонија.

Како Македонец, јас морам да реагирам. Јас никогаш нема да го прифатам името Северна Македонија. За мене секогаш ќе биде Македонија. За мене ова е и секогаш ќе биде име на окупацијата, поради начинот на кој што беше наметнато и заради референдум кој македонскиот народ го отфрли тоа име.

Мнозинството Македонци никогаш нема да го прифаќаме тоа зомби име Северна Македонија, таа е Македонија и секогаш ќе биде Македонија, рече Русјаков.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.