Германскиот државен секретар за Европа, Мајкл Рот денеска изјави дека ЕУ е посветена на јасна и одговорна европска перспектива за Западен Балкан и ја повика ЕУ да ги исполни своите ветувања кон регионот.

Пред состанокот на министрите за општи работи на ЕУ, тој потсети на стагнацијата во договорениот напредок за европската интеграција на Скопје и Тирана, нагласувајќи дека е во интерес на сите разговорите за пристап да почнат „што е можно побрзо“.

Рот се осврна и на најавената испорака на 651.000 вакцини на Западен Балкан, оценувајќи дека ова е уште еден јасен сигнал за солидарност на ЕУ со партнерите во регионот.

Како што наведе, вакцините ќе бидат доставени до земјите од Западен Балкан во зависност од бројот на жители.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.