Тече првиот од дваесетте дена кои Зоран Заев како мандатар ги има на расплогање да собере 61 потпис да формира влада.

Откако претседателот на државата објасни врз основа на кој критериум му го доделил мандатот на Заев, односно дека Заев му се јавил на телефон, во јавноста веќе почнаа шеги дека на Пендаровски по истиот принцип би можел да го мандатот да му го даде и на Мендух Тачи ако овој на „жими мајка“ го убеди дека разговара за формирање на влада.

Јасно е дека Пендаровски постапи спротивно на членот 80 каде вели дека претседателот е должен да даде мандат на партијата или партиите што имаат мнозинство во Парламентот. Во моментов ниту една партија и коалиција нема мнозинство во Собранието па оттаму прашањето е на што се должи довербата на Пендаровски дека токму Заев ќе направи влада.

Очигледно е дека Пендаровски со своето однесување се стави во служба на Заев па оттаму и револтот кај ВМРО-ДПМНЕ кои најавија дека ги замрзнуваат односите со Кабинетот на шефот на државата.

Она што делува ветувачки е што Пендаровски најави дека доколку Заев не успее да собере 61 потпис манадтот ќе го добие Мицкоски, а не се исклучува можноста и за нови избори.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.