По денешната пресуда во случајот „Монструм“, Бедри Ајдари, роднина на еден од обвинетите за медиумите рече дека се незадовлни од изречената пресуда и повика на нови протести во петок.

Ова не е правна држава и нема правен систем. Најавувам протести и ги повикувам челниците на државата да протестираат како што ние протестиравме за правниот систем да се регулира. Тоа не се случи и барам од политичките партии кои го поддржуваат чинот, да се повлечат и да се дистанцираат од оваа одлука и тие да ни се придржат. Ќе протестираме во петок и ова е еден вид на војна. Тука сме и ќе се бориме, какви ни се средствата, така ќе дејствуваме, изјави Ајдари по изрекувањето на пресудата.

Според роднините на обвинетите, како и нивните адвокати, пресудата која што обвинителката Фатиме Фетаи ја побарала во завршен збор пред судот, денес била изречена исто како што била побарана. Роднините велар дека се работи за договор помеѓу Судот и Обвинителите и дека според нив, ова не е правна држава.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.