Семејствата на туристите коишто патувале преку агенцијата „Беса транс“, немаат никакви информации од одговорните лица во агенцијата.

Роднини и пријатели уште од утрово се собраа пред седиштето на агенцијата во Старата чаршија во Скопје и реагираат што агенцијата е затворена, а одговорните недостапни.

Како што вели еден од нив, информацијата за трагедијата ја прочитале на социјалните мрежи и од тогаш безуспешно се обидуваат да стапат во контакт со лица од агенцијата.

Мојот братучед беше во Турција. Вртевме по телефони во Беса Транс, цело време се јавуваме…веќе, 3-4 часа, колку што поминаа, немаме никаква информација, дури и не се јавуваат. Ова мислам дека не е во ред, вели еден од присутните роднини.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.