Еден од роднините на четворица од преживеаните, во изјава за медиумите бара од надлежните институции што побрзо да завршат сите процедурални работи во врска со телата, но и трансферот на преживеаните на скопските клиники.

Али Селмани, роднината на четворица преживеани додава дека, докторите ги информирале дека се добро, но не им дозволувале да ги видат.

Дојдовме да им дадеме поддршка на преживеаните, од вчера сме тука, но ги нема… Немаме увид, не можеме да ги видиме. Ни кажуваат докторите дека тие се добро, во траума се, но вака не ги имаме видено, вели тој.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.