Група родители реагираа до нашата редакција бидејќи се беспомошни во врска со почетокот на учебната година за децата до10 години без разлика дали наставата ке се одвива online или со физичко присуство. Тие имаат неколку прашања до властите:

1. Дали горенаведените размислуваат нешто да превземат во врска со оние родители кој што имаат деца со 6,7,8 години.Кога двајцата родители во периодот од 08 до 16ч се на работа и не се во можност да си ги земат децава од школо во 09 часот или во 10:30 како што е предвидена наставата да заврши???

2. Дали навистина Минстерката за образование мисли дека едно дете од 5,5 до 10 години е способно само да оди до школо ( автобус, пешки ..итн итн ) потоа истото само да се врати дома, само да си стави за јадење и да ги чека родителите до 17 часот да се вратат од работа, бидејќи немаме сите баба или дедо по дома ???

3. Кога сме кај online наставата истото прашање : Дали надлежните мислат дека треба да оставиме дете од 6 години (прваче или второ одд) да седи дома САМО без никаков надзор. притоа тоа дете во закажан термин само да вклучи компјутер, да се логира и да слуша настава ?!?!?!?!?!.
4. И за крај како тоа во приватните е дозволена целодневна настава кај што би требало да платиме и по 15.000 ден а во државните не е дозволено? ( согласно препораката на Комисијата за заразни болести)

Или за нив решението е ЕДЕН РОДИТЕЛ да мора да даде отказ од работното место затоа што овие деца не можат сами да се грижат за себе.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.