Почетокот на учебната година остава отворени многу прашања. Родителите нервозни и во паника се прашуваат како да обезбедат компјутери за секое дете со потребните перформанси? Како на еден компјутер две деца да следат онлајн настава? Кој ќе им помага на децата, кога родителите се на работа? Овие прашања кои засега се без одговор, го мачат речиси секое семејство, чие дете од први октомври треба да почне со онлајн настава.

Дополнително, постојат родители кои не знаат да им помогнат на учениците, како полесно да се вклучат на платформата, преку која ќе се изведува настава, а на мака се и голем број наставници кои не се многу вешти со ИТ технологијата.

Дополнителен проблем на учениците и родителите им создаде и тоа што платформата вчера не функционираше.

На мака се и родителите на учениците од прво до трето одделение кои ќе следат настава во училишните клупи. Тие дечиња ќе морат задолжително да носат заштитна маска додека се во училиште. Дали со постојаното носење на маска нема да се доведе во прашање здравјето на децата, но и како ограничувањата и протоколите ќе се одразат врз психичкото здравје не најмладите!?

Досега никој од надлежните не кажа колку е здравствено безбедно носењето маска подолг период, во случајот од најмалку три часа непрекинато.

Се на се`, почетокот на новата учебна година од 1 октомври,  во време на пандемија,  носи многу нервози за родителите, но и многу дополнителен трошок, кој ретко кое семејство може да го покрие без проблем.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.