Деца со тешки белодробни заболувања од болницата за детски болести Козле испратени дома по наредба на министерот за здравство Венко Филипче, се жалат родители на деца кои имаат здравствени проблеми. Откако вчера беше донесена одлуката болницата во Козле целосно да се спреми да прими деца евентуално заболени од корона, дел од децата кои биле сестени во оваа болница се пуштени на домшно лекување, а дел се префрлаат на детската клиника.

Родителите се револтирани поради тоа што, како што велат, болните деца, се препуштени самите на себе, без лекарска помош. Тврдат дека дете од 3 години со тахикардија и со белодробна дисфункција е пуштено дома. Но директорот на Болницата Козле смирува. Вели, ниту едно дете кое не е стабилно и на кое му е потребна медицинска нега не е пуштено дома. Таквите деца биле префрлени на Детска клиника.

-Сите дечиња кои се со олесната симптоматологија се пуштени на домашно лекување. Истовремено, сите пациенти кои се на дневна болница, а немаат покачена температура се исто така пуштени на домашно лекување. Доколку имаат потреба од понатамошен третман заради некоја покомплицирана симптоматологија се јавуваат на Детската клиника во Скопје – вели
директорот д-р Ангелчо Андоновски во разговор за Република.

Директор на Институтот за белодробни заболувања „Козле“ апелира да се почитува препораката на Владата и сите деца што се со температура да се нозат во Козле. Останатите деца да се носат на Детската Клиника.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.