Почитувани гледачи, поради огромната завчерашна трагедија во Тетово, денес си дозволив пласирање на огромна количина на емоции и мои лични ставови насочени кон одговорни лица и политичари поврзани со овој немил настан, вели водителот Роберт Јанков по реакциите и поддршката што ја доби од јавноста за неговиот говор во утринската емисија.

Тоа сигурно не беше својствено за целиот наш победнички тим на Канал 5 ТВ, нешто по што сме препознаени кај вас гледачите. Но ова денес докажа дека и јас сум човек од крв и месо, но и човек со душа за сите вас, па затоа малку претерав во изнесувањето на моите ставови и барања, нешто што можеби не требаше да се случи. Оваа трагедија треба да не научи сите нас во нашата Македонија дека за жал – животот е „евтин“, и затоа мораме и ние обичните граѓани но и политичарите да внимаваме вакви трагедии да не ни се случуваат повеќе. Се гледаме повторно на единствената моја и ваша – Канал 5 ТВ, реагира Јанков.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.