Министерот за отчетност, кој како новинар често ја критиуваше претходната власт дека држи прес-конференции на нарачани прашања и само на тема, Роберт Поповски, денеска ги советува министрите како да им избегаат на новинарите и на снимателите – подобро да ни се налутат, отколку да нѐ распнат, смета Поповски, а советот го уловиле новинарите на ИРЛ, кои пренесуваат за настанот.

Подобро да ни се лутат затоа што не сме излегле да зборуваме, отколку да не распнат, ја посоветувал министерот за отчетност и транспарентност Роберт Поповски Лидија Јанчовска, довчерашна новинарика, а денес портпаролка на министерката за одбрана Радмила Шекеринска додека новинари и сниматели наместени ги чекаат за прашања. По советот успеал да избега Бујар Османи, но Шекеринска не се согласила да бега и останала да одговара на прашањата.

Поповски, заедно со Шекеринска и вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи утрово во Клубот на пратеници, на новинарите им ја презентираше Стратегијата за развој на концептот за едно општество и интеркултурализмот во Република Северна Македонија. По говорите на министрите, снимателите ги подготвија камерите надвор од просторијата во која што се одржуваше презентацијата и ги чекаа тројцата министри надвор за прашања.


Целиот текст ТУКА

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.