Од партијата Интегра соопштија дека сметаат дека вината за недобивањето датум за преговори не е кај земјите членки на Унијата, туку единствено кај власта. Од Интегра бараат да се стави мораториум на Преспанскиот договор.

Трагично е постојано прстите да ги вперуваме во други, брцањето во око на другиот е погубно. Грешката и проблемот не треба да го бараме во Брисел. Интегра инсистира да веднаш се прекине процесот на имплементација на Преспанскиот договор, да се стави вон сила, Преспанскиот договор мора да биде ставен ад акта – вели лидерот на партијата, Љупчо Ристовски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.