Институциите се толку нефункционални до раб да се прашаш дали воопшто постојат, вели Ирена Ристиќ во нејзиното интервју за „Е-магазин“, коментирајќи го инцидентот кога беше приведена со пцовки и навреди од страна на полицијата, за што се поведе и дисциплинска постапка против еден полициски службеник.
Мораш сам да се бавиш со закони, мораш сам да истражуваш за да не се заглавиш негде. МВР ја има заборавено својата основна задача а тоа е дека они се органи на безбедност, они се чувари. Не се орган на терор, страв. Таму има многу простотилак и ароганција, а тоа е сето од незнаење. Човек кога знае, не може да биде таков. Недозволиво е, вели Ристиќ.
Според актерката, имаме закони за сè, но немаме кадри кои тие закони би ги спроведувале.
Полицајците кои се на терен не ги познаваат доволно законите. На дадена тема, треба многу добро да си информиран, за да можеш да се заштитиш. Тие одат на сила. Ако одговориш како што јас одговарав во Беко, тогаш ќе те однесат во Бардовци и ќе лажат дека те носеле на Клиника и ќе го објават тоа како службен документ. МВР решило да напише така, за да се извади себе си од погрешна водена постапка. Но за се има докази. Тие пробувајќи да се извадат од целата ситуација, уште повеќе се заглавија, вели Ристиќ за случајот кога беше приведена кога чистеше пред Влада.
Ристиќ додава дека целата тортура ја издржува само за да остане пример, за следниот пат кога ќе тргнат така да се однесуваат кон друг човек, да им текне дека можеби и тој ќе биде доволно гласен како и таа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.