Го чествуваме фактот дека дури и во година на пандемија, успеавме да ја внесеме  Македонија во НАТО како 30. земја членка на Алијансата, изјави Филип Рикер, американскиот заменик државен секретар за Европа и Евроазија. 

На денешното сослушување свикано од Хелсиншки комитет на САД по повод неодамнешниот Министерски состанок на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), Рикер истакна дека со членството на нашата земја во НАТО „е направен огромен исчекор напред, после историскиот Договор од Преспа“, во 2018 година. 

-Овој договор не само што покажа вистинско инспиративно лидерсто на  Македонија и Грција, да се разрешат долготрајните прашања таму, исто така, беше пример за поддршката на дипломатијата на САД во тие напори, изјави Рикер. 

Еден од резултатите на неодамнешниот Министерски совет на НАТО беше објавуањето на извештајот „НАТО-2030“, каде се истакнуваат препораки за идниот стратешки напредок на Алијансата. 

-Во историјата, НАТО остана најеминентна глобална одбранбена алијанса. Годинава славиме 70 години од формирањето, и Алијансата се покажа прилагодлива на разни стратегии во справување со заканите, проширувајќи се во вистинското време, кажа Рикер. 

Ротирачкото претседателство на ОБСЕ, организација во која членуват 57 земји, од следната година го преземa таканаречената „тројка“, прва ќе претседава Албанија, потоа Полска во 2022, и Македонија ќе претседава во 2023 година, истакна Рикер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.