Како и во секоја демократија улогата на опозицијата е клучна но опозицијата мора да биде контруктивна, но времето за политички игри е поминато. Мојата порака е дека е време да се придвижат работите за доброто на земјата, нагласи заменикот помошник Државен секретар Филип Рикер во врска со потребата за што поскоро донесување на Законот за јавно обвинителство.

Ова е нешто што граѓаните сакаат да го видат решено и задржувањето од страна на опозицијата треба да заврши.Се надевам дека тие ќе имаат контруктивен пристап.САД сакаат да можат да работат со сите политички партии но за тоа треба да видиме разумни напори. Законот за јавно обвинителство мора да се придвижи и ЕУ ќе може да ги отвори пристапните преговори наесен – објасни Рикер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.