Резултатите од пописот НИТУ МОЖЕ НИТУ СМЕЕ да ги толкува кој како ќе стигне, без оглед на каква позиција е!, пишува на Фејсбук, Зоран Јовановски
Си постојат меѓународни правила и стандарди. Пописот не попишува државјани, туку попишува граѓани кои ВО МОМЕНТОТ НА ПОПИСОТ СЕ ВО ЗЕМЈАТА, односно она што се нарекува РЕЗИДЕНТНО НАСЕЛЕНИЕ. Тие што живеат во друга земја ги регистрира пописот на таа друга земја. И, тоа е тоа, нема никакви специфичности, нема врска со девизни дознаки, јасно е, инаку на две места ќе се попишат истите луѓе.
Примената на резултатите од пописот, за балансерот за вработување или некоја друга потреба, НЕ Е ПОЛИТИЧКО ПРАШАЊЕ, НЕ Е КОАЛИЦИСКО ПРАШАЊЕ, тоа е прашање на ВЛАДЕЕЊЕ НА ПРАВОТО!
Праксата, прашања кои значат владеење на правото да се третираат како прашања на политичко толкување и политички договор за да се извртат работите – МОРА ДА ПРЕСТАНЕ еднаш засекогаш!!!



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.