На покана на Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Димитров, утре, 6 февруари 2019 година, ќе учествува на состанокот на Северно-атлантскиот совет по повод потпишувањето на Пристапниот протокол за членство на Република Македонија во НАТО, што ќе се одржи во седиштето на НАТО во Брисел.

На состанокот, на кој е предвидено и обраќање на министерот Димитров, 29-те земји-членки, претставени од нивните овластени pостојани претставници во НАТО, ќе го потпишат Протоколот за пристапување на Република Македонија во НАТО, со новото уставно име Република Македонија.

Со овој чин, 29-те земји членки ќе ја изразат својата согласност нашата земја да станеме дел од системот и процедурите на НАТО, и учествува во работата на телата на алијансата како поканета земја членка, без право на глас.

Веднаш по согласноста за Протоколот за пристапување во членство на нашата земја во НАТО, ќе започне и почнува процесот на негова ратификација во парламентите на секоја од земјите членки на алијансата. Грција прва ќе го ратификува Протоколот, по што Договорот од Преспа стапува на сила и уставните амандмани влегуваат во сила.

Откако ќе заврши процесот на ратификација на Протоколот во сите 29 земји-членки, нашата земја, со новото уставно име, ќе стане полноправна членка на НАТО со право на глас за сите одлуки на сојузот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.