Продолжува тортурата врз Миле Јанакиески од страна на судот и власта. Како што дознава „Република“ од извори од судот, до полициската станица во Карпош за Јанакиски стигнала наредба тој да биде спроведен со полиција во понеделник во 10 часот за кога е закажано рочиште во случајот „Топлик“.

Оваа наредба доаѓа директно од судијата во овој случај Осман Шабани на барање на обвинителот Бурим Рустеми на кого многу му се брза што поскоро да има пресуда.

Рустеми самиот има најавено дека овој предмет треба да заврши што поскоро а со судот има договорено  сите докази на одбраната  да бидат одбиени.

Но, Јанакиески има уредна медицинска белешка дека не може да присуствува на рочиштата се до седми февруари бидејќи имаше сериозна повреда на ногата. Пред неколку дена беше и опериран и сега е на домашно опоравување.

Сепак, за судијата Шабани тоа како да не е важно и тој говорел дека ќе го задржи во судницата само половина час, а потоа бил слободен.

Во судските кругови веќе се коментира дека намерата е набрзина да се дојде до завршите зборови со тоа што ќе бидат отфрлени сите докази и сведоци на одбраната, а веднаш потоа да има пресуда со која, како што стојат работите, Јанакиески однапред е осуден.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.