Ден Дончев си поднесе оставка од местото директор на Фондот за здравство, дознава „Република“. Тој како причина за оставката наведува здравствени и семејни причини. Дончев тврди дека оставката планирал да ја даде по изборите кои требаше да се одржат на 12 април но бидејќи тие не се случија, а најлошото со корона вирусот поминало сега почустувувал вистинско време да го стори тоа.

Но, по оставката на контроверзниот Дончев, се поставува прашањето дали вистинската причина се двете големи афери во кои тој се споменува и можноста да биде гонет.

За потсетување, сопственичката на „Диамед“ го обвини Дончев дека заедно со министерот за здравство Венко Филипче се обиделе да попречат странска инвестиција да влезе во Македонија.

Таа тврдеше дека е рекетирана од Дончев и оти заедно со Филипче  двајцата сториле кривично дело злоупотреба на службена положба и овластување според член 353 од Кривичниот законик.

Во оваа афера наречена „Рекет 2“ како посредник се јавуваше и Зоран Милевски-Кичеее кој го призна делото во случајот „Рекет“.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.