За неколку дена два настани од големи размери, во кои жртви се пратеници на СДСМ, изоставени до полицискиот билтен. Случајност? Речиси неверојатно.

Во средата во Кочани се случил обид за кинднапирање на ќерката на еден од пратениците на СДСМ. Девојчето се враќало од училиште, а го спасила чиста случајност. Иако е уредно пријавен, настанот не е заведен во полицискиот билтен и не ѝ е достапен на јавноста.

Другиот настан, пак, кој засега не е објавен во билтенот, а е пријавен и заведен како обид за тешка кражба, во кој била обиена едната од двете брави, всушност бил вистински масакр. Жртва е пратеничка на СДСМ. Нејзиниот стан бил обиен, испокршен и опљачкан.

Игнорантскиот однос на полицијатаа кон овие настани во кои се инволвирани пратеници на СДСМ отвора сомнеж дека нешто смрди во партијата, а Оливер Спасовски на дело го спроведува преку полицијата.

Дали и во двата случаи се работи за будење на криминалното подземје на СДСМ, кое на големо се подготвува за избори и со ова испраќа пораки или пак во партијата се одвиваат превирања во пресрет на изборите, кои треба да ги дисциплинираат „непослушните“?

Република го прашува министерот Оливер Спасовски дали се будат амнестираните криминалци и со негов амин се ставаат во погон? Дали МВР е негов соучесник во „чистењето на теренот“ и тоа бројани денови пред Спасовски да му го отстапи местото на техничкиот министер за внатрешни работи, кој ќе стаапи на должност на 3 јануари? Дали допрва ќе Македонија станува небезбедно место за живеење, иако и досега, а откако е тој на чело на МВР, беше далеку од „оаза на мирот“?

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.