Поранешната потпретседателка на СДСМ и актуелна пратеничка Фросина Ременски, денеска беше повикана од обвинителката Рускоска за случајот „Рекет“. По три часа поминати во ОЈО Ременски излезе пред новинарите да се изјасни околу „Рекет“ на што таа одговори дека нема никаква поврзаност и дека Боки 13 го знае само од телевизија. По оваа изјава на Фросина Ременски јавноста се јави со реакции, односно на социјалните мрежи се појави нејзин коментар како таа го коментира случајот со тепаното свештено лице, по коментарот е повеќе од јасно дека Фросина Ременски не го познава Бојан Јовановски само од телевизија.

Исто така на јавноста и е познато дека пратеничката на СДСМ покрај тоа што е почесен претседател на Меѓународниот сојуз на Боки 13, таа е и блиска негова пријателка која му има подарено и уникатни подароци за кој постојат докази, а за истите се фалеше и самиот Боки на Инстаграм.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.