Мојата битка за слобода, правда, одговорност и еднаквост не започна со политичките или партиските функции, ниту пак ќе заврши без нив! Битката за овие вредности на секој слободољубив и правдољубив човек започнува со самото негово раѓање, затоа што човек таков се раѓа и таков умира!

Ова на социјалната мреже фејсбук го напиша пратеничката Фросина Ременски, која синоќа, на седницата на партискиот централен одбор, заедно со останатите потпретседатели на СДСМ беа разрешени, откако претходно самите си поднеле оставки.

Предизвикот да се издржи на тој пат, колку и да е тежок и трнлив ја покажува вербата и посветеноста на тие идеи и цели, а не вербата во функциите! Донесените одлуки се донесени, без грам суета, туку одлучно како што личи на луѓе со интегритет и визија за очекувањата!

Доаѓа време за испорака на мотото за кое се боревме и во кое верувавме сите ние, дека: „Одговорност мора да има” и „Никогаш да не се повтори!”.

Му благодарам на претседателот и заменикот претседател на СДСМ, Зоран Заев и Радмила Шеќеринска за довербата. Борбата продолжува!, напиша Ременски.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.