Пратеничката Фросина Ременски застана во одбрана на својот партиски лидер од „специјалната војна“ која против него ја воделе руските комичари Вован (Владимир Кузенцов) и Лексус (Алексеј Столаров), кои објавија снимка во која тој во повеќе наврати разговара со „Порошенко и Столтенберг“.

Ременски како „специјалистка“ во таа област се обиде да ја брани глупоста што за себе и за Македонија ја направи Заев:

Најголеми предизвици на сите безбедносно-разузнавачки служби е справувањето со неконвенционалните форми на загрозување на националната безбедност и стратешките интереси, преку употреба на алатки на специјална (информациска) војна, денес познати како хибридни закани. Хибридните закани (комбинација на легални и нелегални дејствија со цел) ги употребуваат поединци, групи, движења, политички партии, влади и разузнавачки служби, заради остварување на нивни цели и интереси или за попречување на интересите на земјите во кои продуктите на хибридните закани се пласираат. Актуелната снимка на т,н., “пранкстери” е класичен пример на хибридна алатка. Легалноста на оваа хибридна алатка е само правото на комуникација. Нелегалноста на оваа хибридна закана е лажното претставување, употребата на агенти провокатори зад превез на “пранкстери” и прикривање на нелегалноста и злоупотребата на медиумите на т.н., пранкстери зад превезот на слободата на изразување и слободата на медумите како демократска вредност, пишува Ременски во одбраната на Фејсбук.

Ширење на продуктот, додава Ременски, од хибридната алатка по пат на медиуми е по правило сензација и предизвикува интерес.

Тоа е една од главните цели на хибридната закана – да се шири продуктот што претпоставува некаква штета. Крајната цел е нарушување на интересите на земјата или на трети земји. Современите безбедносни служби имаат легитимно право овој вид на хибридни закани да ги третира, да ги превенира и да постапува доколку се случат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.