Фросина Ременски која е поранешен висок партиски функционер на Социјалдемократскиот сојуз и носител на високи јавни функции во владата на Зоран Заев, која важеше и за негов многу близок соработник, смета дека реални се шансите на ВМРО-ДПМНЕ да формира ново парламентарно мнозинство затоа што одлуките за тоа ги носат луѓето кои што имаат интереси во постоечката владина коалиција.

Овие нејзини ставови таа ги истакна во нејзиното синоќешно гостување на телевизија Шења каде што за поразот на СДСМ на овие локални избори вината ја посочи и во тоа што Заев освен некои реформи на хартија, не спроведе суштински ниедни реформи.

Кога размислувам на ова прашање, шансите за формирање на парламентарно мнозинство од страна на ВМРО-ДПМНЕ се 50-50. Пеесет – пеесет се шансите на сите ако гледаме реално, ако сакаме да гледаме реално. Нормално, јас имам социјалдемократска провиниенција и сум за тоа дека, владиното мнозинство треба да остане. Но, повторно велам, ние може да мислиме што сакаме, но одлуките ги носат луѓето кои што имаат интереси во таа владина коалиција, рече Ременски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.