Пратеничката Фросина Ременски се одзва на повикот на премиерот во заминување Зоран Заев, кој преку видеообраќање побара прочистување на правосудството.

Во име на овој повик ќе дадам активен придонес со јавно објавување на сите поднесоци ставени во фиока потпишани со мое име и презиме и откриени злоупотреби (2013-2019). И ќе барам одговорност независно кој ќе биде допрен со чистење на прашината (ако „чистењето” е искрен подвиг) и тоа во име на паролата дека, законот мора да важи за сите – парола во која се помалку веруваат и граѓаните и тие што „спроведуваат правда”.
Ќе се обидам да (по)верувам и јас кога штетите што ги трпев од пријавите што лежат по фиоки, нема да бидаат мотив плус за дупла штета во стилот „уби го гласникот”, напиша Ременски на „Фејсбук“.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.