Пратеничката Фросина Ременски рекла дека не чувствува вина за наводите од истрагата за нејзина инволвираност во проширената истрага за случајот „Рекет“, која се однесува на невладината организација Меѓународен сојуз на Бојан Јовановски, каде таа беше почесна претседателка.

За мојата улога во Меѓународен сојуз кажав и претходно кога бев повикана да сведочам како лице кое има сознанија за случајот – рече таа денеска по давањето исказ пред судија на претходна постапка.

Ременски изјави дека ќе соработува со обвинителството за целосно расчистување на случајот, но дека нема намера да поднесе оставка од функциите сѐ додека не се докаже нејзината вина.

Обвинителката Вилма Русковска за Ременски побара мерки на претпазливост. Во текот на денот ќе се знае дали ова барање ќе биде прифатено од Кривичниот суд.

На новинарско прашање што мисли за изјавата на премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев дека ќе биде исклучен од партијата секој шѓто се огрешил од законот, таа рече дека неговата изјавата не ја протолкувала негативно и дека ќе ја почитува одлуката на партијата каква и да е.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.