Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Решение за отфрлање на кривична пријава од Фросина Ташевска-Ременски поднесена против три лица за кривични дела – Злоупотреба на службената положба и овластување од чл.353 ст.2 во врска со ст. 1 и Несовесно работење во службата од чл. 353в ст. 2 во врска со ст. 1 од Кривичниот законик.

Експресно медиумско информирање за отфрлање на кривична пријава за која до сега прашал, објавил и се заинтересирал само еден медиум и вест во која никој не знае или не сака да знае кој е прв, втор и трет во пријавата и што направил. Нека поминат празничните гозби и радости, пред да ги објавам сите документи за случајот и ова соопштение да стане смешно и жално, и да се види како парламентарниот надзор пред кој се лажело е исмеан со ова соопштение и како лажењето е “законско”. Можеби ќе има ист експресен медиумски интерес, напиша Ременски на Фејсбук.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.